Излезе ново издание на Македонскиот правопис

0
777

Во очи на 21-ви Февруари, Светскиот ден на мајчиниот јазик, Институтот за Македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Филолошкиот факултет „Блаже Конески од Скопје издаде ново, четврто по ред дополнето издание на Македонскиот Правопис. Изданието беше подготвувано во текот на изминативе две години од страна на 48 еминентни лингвисти од Институтот за македнонски јазик, Филолошкиот факултет во Скопје и МАНУ. Новелата на Правописот доаѓа на задоволство на сите вљубеници во Македонскиот јазик, но најмногу на задоволство на просветните работници кои се чини дека најдобро знаат да ја ценат вредност на оваа збирка.

„За поздравување е овој напор на лингвистите да го осовременат Правописот“-Даниела Петревска, Професор по Македонски јазик и литература

Новото издание на Правописот не ги менува постојните правила и традиции воспоставени од авторите на првиот Македонски Правопис, великаните Блаже Конески и Крум Тошев, туку само го оживува Македонскиот јазик и неговиот правопис со современите јазични тенденции кај нас.

Целта на најовото издание е да дозволи јазникот да расте наместо да се конзервира.

Со ова се зајакнува еден од најмоќните бедеми на Македонскиот идентитет.

„Јазикот и Правописот ја содржат колективната меморија на еден народ“-Даниела Петревска, Професор по Македонски јазик и литература

Претходно, оригиналното издание на Македонскиот Правопис од 1945 година, со кое се кодифицираше Македонскиот јазик, беше дополнувано во 1950-тата, 1970-тата и во 1998-тата година. Ова овозможи, Македонскиот јазик да биде еден од ретките, помеѓу над 6500 светски јазици кој е стандардизиран, меѓународно признат и да биде изучуван на катедрите на најреномираните универзитетти во Европа и Северна Америка. Така Македонскиот јазик остана единствениот белег на нашиот идентитет кој остана меѓународно неоспорен.

„Правописот е одбрана од сите тенденции за негација на нашиот идентитет“-Даниела Петревска, Професор по Македонски јазик и литература