Изложба- Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови

0
138

Во културниот центар Магаза, беше презентирана изложбата дел од книгата-Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови.Книга која всушност е публикација на научно истражувачки проект кој беше реализиран на архитектонскиот факултет во Скопје во соработка со архитектонскиот факултет во Загреб.

Arhitektura_-_2.jpg

Графичкиот дел од публикацијата беше дел од изложбата односно проектите изработени од магистрантите и докторантите на архитектонскиот факултет.Проект кој се однесува и на еден сегмент на реката Драгор во должина од 3 километри.

Arhitektura_-_1.jpg
Според професорката Анета Христова , архитектонскиот факултет е еден од првите кои средношколците го одбираат за продолжување на своето образование.

Изложбата е дел од истражувачките програми од јавен карактер, архитектонските потенцијали и заедничкиот проект на архитектонските факултети на Скопје и Загреб.

 

 

Неда Маретиќ