Изложба и промоција на монографија за Светиот Владимир во Ресен

0
374

Во општина Ресен беше претставена изложба портретите на Светиот Владимир на Балканот од XVII до XX век” и се промовираше Монографија “Светиот Кнез Владимир” изложбата во декември беше поставена во изложбениот салон на МАНУ.

– Мислам дека она што вечерва е кажано овде е наше заедничко минато наше заедничко сеќавање и од сето тоа сакам да го извлечеме најдоброто и врз основа на тоа да го градиме нашето заедништво и сега и во иднина, изјави Зоран Срзентиќ Градоначалник на Бар

На настанот се интерпретираше црковна византиска музика, изложбата се состоеше од 40 ликовни дела работени од фрески.

– Трите општини Ресен, Бар и Елбасан се подрачја кои што на некој начин се поврзани а ги поврзува ликот, делото, животниот пат страдањата на Дукљанскиот кнез Јован Владимир уште повеќе големата љубов која што се родила во занданите на преспанскиот остров Ахил каде што светиот Јован Владимир во текот на своето патешествие завршил во еден од затворите на островот Ахил, но таму за среќа се вљубил во ќерката на големиот македонски цар Самоил, се родила голема љубов и токму тоа е поводот за многу културни нстани, многу уметнички збиднувања, изјави Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Општина Ресен.

Свети Јован Владимир е еден од мачениците и светител на охридската архиепископија и неговиот култ е негуван уште од неговата смрт.

– Неговиот култ е многу пробивен и ние го следиме на целата територија на Балканот во еден континуитет на неколку векови а поготово после печатењето на неговото житие во Москополе, после излегувањето на москополската аколутија до нашето современие изјави, Проф. Д-р Сашо Цветковски, центар за истражување на културно наследство при МАНУ

Меѓу другото се читаа и фрагменти од стихозбирката “Така Љубеше Косара” од поетесата Лидија Дочовска Павловска.

– Главна поента на оваа лирска поема е љубовта на Дукљанскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара. Оваа поема се базира на автентичен историски настан и се случуваше на овие простории како и на Црна Гора со што јас сакав да и дадам една безвременска поетска димензија, да ја овековечам преку убаво пишаниот збор, изјави Лидија Дочовска Павловска

Отворањето на изложбата и промоцијата на монографијата се продолжение на воспоставената соработка од областа на културата која Општина Ресен ја заснова со Општина Бар од Црна Гора и општина Елбасан од Република Албанија.