Изложба на американскиот уметник Перно Хадсон во Битола

0
145

Во галерискиот простор Магаза во Битола со самостојна изложба се претстави американскиот уметник Перно Хадсон.

Во творештвото на ликовниот уметник Перно Хадсон доминираат сликарството и скулптурните предмети и објекти. Неговите дела ја потенцираат проблематиката и ограничувањата околу употребата и имлементирањето на материјали од реалниот, физички свет за цели на повикување на неусетни сеќавања и недостижни реалности.

Со честите индиректни представи на класични пејсажи и предели, имајќи го на ум Томас Кол, основачот на американската сликарска школа Хадсон Ривер Скул од 19тиот век, предмети и објекти кои потсеќаат на моменти од театарски сценографии, тој се стреми да не води во свој свет, простор во кој ни прикажува серии на спиритуални загатки и поетичен скептицизам.

izlozba3.jpg

Хадсон потекнува од Мемфис, Тенеси. Студирал сликарство на Универзитетот на Индијана, а магистрирал при Универзитетот на Пенсилванија во Филаделфија, каде моментално предава сликарство, а воедно е и директор и координатор на изложбената програма на ликовната школа при овој универзитет. Досега се представил со самостојни изложби во просторот на Уметничката лига при Универзитетскиот град во Филаделфија и Фовлер Артс Колектив во Гринпоинт, Бруклин.

Перно Хадсон бил еден од учесниците во 25-тата годишна изложба за дела на хартија при Аркадија Универзитетот во Филаделфија. Во неколку наврати е одговорен организатор на проекти и изложби во напуштените простории во Објектот Вулф во Филаделфија. По неговата изложба во Магазата во Битола, ова лето тој ќе излага во Брисел. Живее и работи во Филаделфија, Пенсилванија а предходно живеел и работел во Индианаполис, Чикаго, и Њу Јорк. Хадсон е поканет како почесен гостин на Друштвото на Ликовни Уметници од Битола.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе може да ја погледнат до 29. јуни.