Изложба на автомобили пред 3Д киното во Битола

0
1519

Во текот на месец април сите вљубеници во филмската уметност во 3Д киното Битола имаат можност да погледнат повеќе актуелни светски филмски наслови .

По повод светската премиера на 8 миот дел од филмот Брзи и бесни беше организирана изложба на фотографии, изложба на најубави автомобили кои учествуваа на конкурсот за најубаво возило.

3Д киното во Битола од почетокот на годината, го посетиле над 13 000 гледачи а месец март беше најуспешниот месец на 3д киното.

Во концертната програма тука е концертот на руското дуо саксофонистот Владимир Устјанцев и пијанистот Алексеј Мељников, како и традиционалниот концерт на Танец.

НУ. Центар за култура-Битола покровител на работата на Камерниот оркестар на Битола соопшти дека договорени се два заеднички концерта на оркестарот со Влатко Стефановски.

Камерниот оркестар ќе има и меѓународна регионална турнеја во Србија и Босна и Херцеговина, односно во Ниш ќе настапи на фестивалот „Нишвил“, а во Сараево ќе настапи на „Башчаршиски вечери“, потври Димитровски.