Изложба на фотографии за Народите кои живеат во Долината Омо

0
501

Отворена изложба на фотографии во црно бела техника на првиот советник во Амбасадата на Франција во Скопје Доминик Готје.

Оваа изложба се состои од 70 портрети на жени, мажи и деца од народите кои живеат во Долината на реката Омо, на границата со Етиопија, Јужен Судан и Кенија, изработени за време на две патувања на господинот Готје во оваа оддалечена област, во 2006 и 2007 година, додека бил на функција во Амбасадата на Франција во Адис Абеба.

Овие народи се познати по својата убавина и по тоа што ја негуваат телесната уметност (слики на тело, необични фризури, облека и други орнаменти). Исто така, таму живеат импресивните жени со истегнати усни од народот Мурси чиишто мажи се занимаваат со овчарство.

Изложбата „Народите од Долината Омо“ ќе биде отворена до 24 јули.