Графиките на Роберт Михајловски изложени во Битола

0
667

Роберт Михајловски ја презентираше својата изложба на графики во битолскиот Завод и Музеј.

Роден во Битола, каде завршил основно и средно образование, студирал историја на уметност со археологија на универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.Студирал графика во Њујорк и Мелбурн, каде магистрира и докторира на ликовни уметности.

Тој во своето графичко творештво ги следи безбројните бекства на Гогем, кои на почетокот на дваесеттиот век, можеби беа последните предупредувања за апокалиптиката на една уморна цивилизација-пишуваат д-р.Фанче Јошевска и Владо Ѓорески за творештвото на Михајловски.

Публикува стручни трудови од византолошки студии, османлиски и медиевалистика, објавувани во повеќе светски списанија.

Добитник на многубројни награди и признанија.

После Битола, изложбата патува во побеќе македонски градови.