Изложба на Иванчо Талевски во Битола

0
578

Еден од најзначајните и најнаградуваните битолски уметници кој живее и работи во американскиот универзитет во САД- на Одделот за дизајн на Универзитетот Пенсилванија во Филаделфија,

Иванчо Талевски, пред битолската публика се претстави со своја изложба во Магазата.

Талевски изложува во повеќе ликовни центри низ светот меѓу кои Берлин, Њујорк и други а секоја изложба на ново место за него е предизвик и искуство.

Тој, во уметничките кругови во Македонија и во странство е познат како уметник кој што ги комбинира строгите техники со единствен визуелен јазик.

Секое од делата откриваат засебна приказна која што за набљудувачот може да биде исклучително блиска или целосно неразбирлива.

Иванчо Талевски е роден во Битола каде што почнал да ја изучува македонската традиционална изработка на икони, а се образувал и во Балтимор – Мериленд, Интерлохен – Мичиген, Фиренца – Италија, како и во Филаделфија. Талевски е еден од 70 македонски уметници кои досега изложувале во Прима центарот во Берлин кој важи за неформална македонска амбасада на културата во Германија.

Не ретко неговиот роден крај е инспирација за неговите дела па често можеме убавините на Битола да ги видиме пренесени на платно.

Талевски за неговото творештво е добитник на бројни меѓународни награди и признанија.