Изложба во Битола-Портретирани сеќавања

0
518

Во организација на битолскиот Завод и музеј, во Битола беше презентирана изложбата- Портретирани сеќавања, на Јана Манева Чупоска.
Претставени беа 35 цртежи во комбинирана техника, цртеж и дигитална фотографија. Авторката истакнува дека станува збор за еден нејзин персонален, интимен омаж на некои лични т.н „портретирани сеќавања“, кои што практично се резултат на нејзините спомени, нејзини размисли, на контактите со луѓе кои што и биле многу драги, нешто што едноставно ја испровоцирало да ги извади на виделина во една ваква креативна ликовна форма.
Идејата за оваа изложба е цртежите да добијат по малку концептуален израз. Сите тие предмети, сите тие условно земени додатоци, сите тие асоцијации на рачни ткаеници кои се асоцијација, пак, за нашето поднебје и кои што во тој период на сеќавања на авторката и на тој нејзин интимен омаж се нешто што е многу реално.
Чупоска, учествувала на бројни групни изложби во земјава и во странство и на повеќе домашни и меѓународни ликовни колонии. Дизајнирала повеќе модни ревии. Работи како декан и професор на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ, Скопје. Учествувала на научни конференции и симпозиуми и објавила бројни научни трудови во меѓународни научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Објавила неколку книги (авторизирани предавања)од областа на ликовната уметност и дизајн. Учествувала на домашни и меѓународни семинари и работилници од областа на ликовната уметност и дизајн.
Изложбата е дел од меѓународната манифестација Европски денови на културно наследство.