Изложба во Битола-Синагогите во источна и средна Европа

0
371

Во просториите на почесниот унгарски Конзулат ,во Битола беше презентирана изложбата -Синагогите во источна и средна Европа во периодот 1782 – 1944 година.
На отворањето на изложбата освен почесниот конзул на Унгарија во Битола, Сашо Јанакиевски, присуствуваше и амбасадорот на Р. Унгарија во Р. Македонија д-р. Јожеф Бенце, кој истакна дека овогодинешната цел на унгарската Амбасада во Р. Македонија, е промовирање на Холокаустот со цел едукација на младите и нивно запознавање со проблемот што се случуваше минатиот век.
Амбасадорот на Р. Унгарија во Р. Македонија, истакна дека програмата која ја има предвидено во Македонија е голема. Пред два месеци во Матица се одржал музички хепенинг на кој присуствуваше претставник од еврејската заедница, а за наредниот период планирано е да се одржи и поетско читање.
Изложбата се состои од фотографии на синагоги кои се дел од еврејското национално богатство, а истата има за цел сегашните и идните генерации да разберат дека тоа што се случило за време на Холокаустот и дека не треба да се повтори.