Изложба во Демир Хисар, колонија на копаничарите во Буково

0
751

Здружението на копаничари на Македонија в сабота во Домот на културата во Демир Хисар ќе ја отвори 62-та  изложба на копаници на која ќе се претстават 23 автори. Изложбата ќе трае до 17 јуни. А утре во манастирот Св. Сотир во Буково ќе започне 27-та меѓународна колонија Копаничарство 2016.

Кога се зборуваше дека копаничарството во Македонија е дел од нашето културно-историско минато, група ентузијасти и вљубеници во копаничарството на чело со м-р протомајстор копаничар Злате Крстески го оформија во Битола Здружението на копаничари на Македонија со основна цел: заживување, негувње и развивање на македонската традиционала уметност- копаничарството.

За кусо време Здружението го опфати денешното македонско копаничарско јадро во своите редови и нарасна на Здружение од над 150 члена. Со еден силен тренд на афирмација на копаничарството.

kolonija_slika3

Иако со симболична помош од државата,  волонтерски и со неверојатно голем елан, без ниту еден вработен, без било каков деловен простор, Здружението разви широка активност и од 1993 год. кога е основано, до денес навистина има со што да се пофали и гордее.

За овој релативно кус временски период Здружението организира 61 изложби на кои се претставија над 150 автори со над 3500 новоизработени копаничарски дела, со најразлични мотиви и во сите копаничарски техники на изработка, презентирани во градовите ширум Македонија.

kolonija_slika

Со интенција да се пополни празнината во едукацијата на копаничарски кадар, одржа 26 копаничарски колонии со околу 800 учесници овозмужувајќи на тој начин ефикасна размена на копаничарските искуства и пренесување на истите од постари на помлади копаничари.

Издадени се 20 броеви на списанието за популаризација на копаничарството „Копаничарˮ со мноштво написи за историјатот и за актуелното копаничарство, голем број практични совети за новите копаничари, со изобилие занимливости, легенди, песни и копаничарски анегдоти, како единствено списание за копаничарство на Балканот па и пошироко.

Одржани се пет семинари за актуелните копаничарски проблеми и дилеми, повеќе презентации на копаничарање во живо а реализирани се и голем број написи и настани на членовите на здружението преку информативните медиуми, велат од здружението.