Изложбата-Древниот сон на Тони Чатлески презентирана во Битола

0
177

Древниот сон е насловот на најновата самостојна изложба на Тони Чатлески која беше презентирана во Центарот за култура .
Чатлески, кој воедно е директор на ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп, во Битола се претстави со 40-тина дела масло на платно.

Со најновите слики се обидува и успева да создаде хармонија која се одразува низ неколку пластови од кои првиот е хармонија на бојата, потоа хамронија на визуелното и вербалното.

Izlozba_Catle_-_1.jpg

Чатлески минатата година со циклусот „Ритамот на самбата” се претстави во Москва, а за многу брзо време ќе следи и изложба во други два града во Русија, бидејќи тој е член на Професионалниот сојуз на руските уметници.

– Станува збор за нова фаза од платна кои на прв поглед го збунуваат гледачот, но при секое задлабочување не упатуваат на тоа дека овие слики се насликани во сон – напиша писателот Трајче Крстески за најновото творештво на Чатлески.

Izlozba_Catle_-_3_copy_copy.jpg

Сите сонуваме, тоа е нештото што човечките битија ги одделува од будниот живот, тоа можеби се два паралелни света што постојат во нас независно еден од друг, едниот тајновит (сонот), другиот реален (дневниот живот ) и можеби единствено можат да се соочат и да се допрат во творештвото: сликата, напевот, поезијата, романот.