Изложбата Le femme obscure на Станковски и во Битола

0
310

Изложбата на уметничка фотографија Le femme obscure, на фотографот Еди Станковски, која беше промовирана во Скопје, доаѓа и во Битола.

Во центарот на изложбата е жената, нејзината убавина, сензуалност, истрајност и енергија.

-Имам и многу други интереси, љубопитен сум и сакам да набљудувам луѓе, настани, општествени промени, природа.Како следен проект би сакал да направам серија на фотографии

низ Македонија, низ убавините кои ги нуди оваа земја-истакнува Станковски.

Настанот кој во Битола ќе се одржи во кафе бар Порта џез на 25 ти март со почеток од 20 часот, е замислен како симбиоза на фотографиите на Станковски и музиката на бендот Аутмајнд.