Буба Солак со изложба во Прилеп

0
424

– Карактеристиката во моето творештво е цртежот во служба на бојата која веќе подолго време е мој ракопис, почнувајќи од циклусот ’Игра и предел 1‘, а веќе подолго време и во циклусот ‘Игра – предел 2‘. Вака беше отворена изложбата „Game – live is a game – art is life“ од уметницата Љубица Мешкова-Солак, во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во рамките на „Прилепското културно лето“.

– Задоволството во еден момент да се препуштите на ,,Играта,, и на поинаков начин автор/ гледач, публика, взаемно да ги споите имагинацијата и искушенијата е интересен момент, но истовремено и ,,одговорно,, до каде се би оделе во трансфромацијата и комбинацијата на градење на Ново расположение?! Преку ваквиот начин на компонирање на игри, композиции, дело… авторот и гледачот ви нудат израз на свој темперамент, енергичност, истражување и навестување на нови креативни намери во нови композиции. Играње и комбинирање до,,бескрај,, значи можност и самиот гледач/ публика да креира негово и на сопствен начин свое Ново Расположение“, истакнува авторката за својата изложба.

Љубица Мешкова Солак е родена 1975 година во Скопје, каде се образувала во училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ и Факултет за ликовна уметност, отсек графика со конзервација и реставрација во класа на проф. Зоран Јакимовски, дипломирала во 2000-та година.

Член е на ДЛУМ, ДЛУБ , ДЛУК И ИКОМОС, а работи како професор по ликовна уметност во Битола.

Работела на проекти од конзервација и реставрација, учествувала на повеќе ликовни колонии, а организирала повеќе изложби во земјава и странство.
Минатата година по втор пат имаше можност да ја презентира својата уметност пред публиката во Обединетите Арапски Емирати.
По успешната соработка со познатиот бренд „Хакет”, таа повторно ја имаше честа нејзини дела да бидат изложени во излозите на лондонскиот бренд во Дубаи, Кувајт и Абу Даби.