Изложбата на олдтајмери привлекува се повеќе учесници

0
741

Оваа година по шести пат се одржа традиционалната изложба на олдтајмери во организација на авто клубот „Ретро фрикс“ од Битола. Во градскиот парк во Битола беа изложени 23 уникатни автомобили, а оваа година покрај битолчани и учесници од другите градови од Македoнија имаа и учесници од Бугарија и Швајцарија.

На крајот од изложбата беа доделени и награди за најдобрите.

Изложбата стана традиционален дел од манифестациите на фестивалот, а на неа учество можат да земат автомобили кои се постари од најмалку 30 години.

Клубот „Ретро фрикс“ е олдтајмер клуб на сопственици и љубители на стари возила: олдтајмери, јангтајмери, custom преработки итн. Формиран е во 2012 година во Битола и засега брои повеќе членови од Битола и други македонски градови.