Изложбата Пејсаж омеѓен со сонот пред битолската публика

0
327

Љубителите на уметноста ќе имаат можност, во културниот центар Магаза, да ја проследат изложбата Пејзаж омеѓен со сонот, на српскиот уметник Миливоје Новаковиќ – Кањош.
Авторот досега имал повеќе од 40 самостојни и 300 групни изложби, од кои 10-тина биле во Македонија.
– Иако мотивот претежно е пејзаж, сликарските предмети се изградени со отстапување од целта за набљудување на сликата. Оттука, ’пејзаж омеѓен со сонот‘ естетски е илузија на реалноста-вели авторот за изложбата.
Со оглед на тоа што е битолски зет, уште првиот пат кога дошол во Битола се заљубил во убавините и пејсажите на Македонија, на Пелагонија, па не ретко тие се инспирација за неговите дела.
Учествува во основањето и работата на меѓународни ликовни колонии: „Боите на Вуковар“ (Вуковар), „Де Ниро Битола“ (Битола),за која колонија се надева дека повторно ќе се обнови, „Велика Ремета“ (Фрушка Гора).