Измама со писма до правни лица ги плашат битолчани

0
2093

Голем број на фирми во Битола деновиве добиле писма од странство, во кое што од фирмите се бара да ги дадат нивните податоци. Писмата фирмите ги добиле по пошта, а биле испратени од лажни непостоечки фирми, со фалсификуван ист печат како постоечката компанија, пример од Германија, Шведска, Англија, Полска итн, со цел да одземат пари од адресираната компанија доколку истата прави транфер он лајн или пак злоупотреба на друг начин.

-Кај многу граѓани дојдоа писма, наводно од непостоечки фирми од странство. Пример на пликот пишува дека го праќа Европска даночна агенција. Во писмото ги бараат сите лични податоци од фирмите , како име презиме, назив на компанијата, нивната адреса, даночниот број, бројот од банката итн, значи сите лични податоци. Писмото е најчесто пишувано на англиски , на германски. Пликот е со фалсификат печат од компанија пример од Шведска, Германија, Англија итн. Писмото исто така е е со опомена, ако во одреден временски период не се одговори на истото, може да се заработи казна. Ова е манипулација за граѓаните, бидејќи доколку граѓаните ги пополнат тие податоци, и пратот одговор до испраќачот на писмото можат да бидат злоупотребени, изјави Проф.Никола Аврамовски-Биро за преводи„Лексика“-Битола

Високата технологија која што денес го управува бизнис работењето и растот на глобалните оперативни модели, доведува до зголемување на бројот на измамници кој што во вид на сајбер криминал сакаат да стигнат до финансиски приходи на нелегален начин. Ваквата измама не е за прв пат, вели Аврамовски, и додава дека имало и други граѓани кои што било на мејл, или пак телефонска продажба, или пак јавни тендери били изманипулирани.

Писмата Аврамовски рече дека ги испратиле до секторот за економски или сајбер криминал во Битола. Аврамовски со апел до граѓаните да бидат внимателни каде ги оставаат и даваат своите лични податоци.

Македонија како и останатите држави не е имуна на компјутерскиот криминал. Најчесто застапени дела се оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, изработка и употреба на лажна платежна картичка, злоупотреба на лични податоци, повреда на софтвер, пиратерија и правење на недозволени финансиски трансакции со помош на компјутер. Во 2011 се регистрирани 61 дело од областа на компјутерскиот криминал, во 2010 година се сторени 48 дела, а во 2009 е забележано трикратно зголемување во однос на претходните години.