Измамиле битолчани и „ ќариле“ над 12 милиони денари

0
1096

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицата Е.С. (30) и М.С. (40), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените во периодот од март до декември 2015 година во заблуда довеле повеќе лица од Битола да им дадат пари како позајмица, лажно наведувајќи дека им се неопходни за аплицирање за добивање проекти преку Американската Амбасада. Притоа на оштетените им ветиле дека позајмиците ќе им ги вратат за период од три месеци со 30 % интерес. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 12.283. 040 денари.