Измамиле лица дека ќе му обезбедат словенечки пасош

0
554

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицата З.Л. (44) и З.Л. (44), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“. Пријавените во периодот од 15 до 25.04.2013 година стапиле во контакт со лицето Г.Н. од Битола и го довеле во заблуда дека можат да му обезбедат словенечка патна исправа, лажно прикажувајќи дека биле блиски со словенечката амбасадорка во Белград. За тоа примиле и 5.500 евра од оштетениот. Пријавените, исто така, на 13.05.2014 година го довеле во заблуда лицето Д.Ж. од Демир Хисар дека можат да му обезбедат визи за Австралија, прикажувајќи дека биле во блиски односи со лица од Белград кои посредувале за добивање автралиски визи. За таа услуга пријавените примиле 10.000 евра и уште 5.500 евра за дополнителни трошоци.