Измените на законите колку ги бунат возачите?

0
1104

Досегашното законско решение бараше од нас да возиме со светла преку ден, но со измените тоа се укинува. Во новиот закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој е во собраниска процедура употребата на светла детално и прецизно е регулирана во седум члена и тие задолжително се користат само ноќе и во услови на намалена видливост, што не значи дека е казниво нивното користење преку ден. Колку ваквите Измени ги бунат граѓаните?

„ Па реално треба да се укини возењето со светла преку дене, но зошто воопшто се носеше претходно законот“, вели граѓанин

„ Ништо веќе не се знае“, вели друг граѓанин

„Во сообраќај на пат, од првиот самрак до потполното разденување (ноќе), како и дење во случај на намалена видливост, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот, а возачот на мотоциклот во сообраќај на пат, за време на управување со мотоциклот, задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла и дење и ноќе.“

Во членовите од 87 до 91 од предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е регулирана употребата на светла кога возилото е запрено или паркирано, светлата што треба да ги носат група пешаци, водачи на запрежни возила и јавачи и терачи на добиток, користењето на долги, соборени и светла за означување на моторно возило (позиционите светла), како и светлата за магла, додека во членот 92 прецизно е наведено какви сé светла смее, односно не смее да има возилото на својата предна и задна страна. Никаде изричито не се споменува ниту пак двосмислено навестува дека возењето со светла дење е казниво.