Изминатиот јули – најтопол месец на Земјата

0
345

Месец јули бил најтопол месец на Земјата, откако се води статистика, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на податоци на НАСА.

Дури по слабеењето на феноменот Ел Нињо, што го засили ефектот од предизвиканото од човекот затоплување, јули ги подобри температурните рекорди во светот.

Специјалисти на НАСА проценуваат дека јули 2016 година бил за 1,51 степени целзиусови (0,84 степени Целзиусови) потопол од просекот за периодот од 1950 до 1980 година. Температурата е несомнено повисока отколку во претходните најтопли месеци – за околу 0,18 степени повеќе од досегашните рекорди од јули 2011 година и јули 2015 година, чии вредности се сосема блиски.

Најтоплите месеци според податоците на НАСА се јули 2016 година, јули 2011 година, јули 2015 година, јули 2009 година и август 2014 година. Од нив само јули 2015 година се совпаѓа со Ел Нињо. Податоци за глобалната температура се собираат од 1880 година.

Американското Национално управување за истражување на океаните и атмосферата што ги пресметува температурите малку поинаку, ќе ги објави податоците за јули утре. Според него температурните рекорди до јуни се подобрени во 14 последователни месеци.

Новиот температурен рекорд, како и сите претходни, се јасен знак дека планетата се затоплува, рече Гевин Шмит, директор на вселенскиот институт „Годард“ и главен климатолог на НАСА.