Изненадувања за посетителите во 3Д киното во Битола

0
769

3Д киното во Битола од почетокот на своето постоење до денес, на битолчани им ги понуди најновите светски филмски наслови, филмски проекции кои беа максимално посетени .
И оваа 2016 та година за љубителите на филмската уметност ,се нудат голем број на најбарани филмови .

3Д киното со своите пријатели, за посетителите подготвуваат изненадување.

Со секоја купена карта за проекциите на Кунг Фу Панда 3, до 26-ти март, посетителите имаат можност да добијат подарок.

На 26 ти март, од 17 часот ќе се знаат и кои ќе бидат најсреќните посетители кои ќе добијат подароци.И во месец април продолжува богатата понуда на интересни филмски наслови.

Во декември беше награден 100.000- тиот гледач а од центарот за култура информираат дека бројот на посетители постојано се зголемува.

Големата сала на Центарот за култура, каде се прикажуваат најреномираните филмови, е опремена со ултра модерен дигитален 3Д кино проектор , високо рефлективно платно, со што нивото на квалитетот на сликата ги достигнува стандардите на светските кино сали.

Со сето ова Битола има современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук, одлична можност за следење на филмските проекции.