Изненадување за Никола од КУД.Илинден за неговата венчавка

0
454

Со зурли и тапани, започна венчавката на наставникот во КУД. Илинден, Никола со избраничката на неговото срце. Но најголемото изненадување следуваше од неговата група ученици, кои облечени во носии изведоа неколку ора, а првото од нив беше пајдушкото.

Првото оро на учениците на Никола, од КУД. Илинден ги изненади сите гости, но во текот на вечерта следуваше уште едно изненадување кога постарите играорци на КУД. Илинден го изиграа Тешкото на чело со младоженецот.