Израел ги блокира Западниот Брег и Појасот Газа

0
316

По нападот во Тел Авив, израелската армија ги затвори премините кон Појасот Газа и Западниот Брег, пишува израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на коминике на безбедносните сили. Според весникот, мерката стапила во сила на полноќ.

Блокадата би требало да трае до недела на полноќ, кога завршува еврејскиот празник Шавуот. Влез во Израел е дозволен само од хуманитарни или медицински причини. Според „Хаарец“, верниците ќе смеат да отидат на петочна молитва на Брегот на храмовите.