Израел изврши воздушни напади во Газа

0
294

Израел во текот на изминатата ноќ изврши воздушни напади врз тренинг база на исламистичкото движење Хамас во северниот дел на Појасот Газа, како одговор на истрелани ракети од палестинска територија во Јужен Израел.

Една ракета погоди празен автобус, паркиран во градот Сдерот, а малку подоцна друга ракета беше пресретната над градот Ашкелон од противракетниот систем „Железна купола“.

По нападоѕ израелски дронови летаа над зоната, истрелувајќи осветлувачки ракети, а воени авиони Ф-16 ја бомбардираа тренинг базата на „Езедин ал Касем“, вооруженото крило на Хамас, источно од бегалскиот камп Џебалија. Засега нема информации за жртви.

Фатхи Хамас, лидерот на Хамас во Северна Газа, изјави вчера дека исламистичкото движење нема да почитува никакво примирје постигнато со Израел.

Без коментари

LEAVE A REPLY