Израел ќе гради ограда

0
250

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху планира да постави ограда околу целата земја со цел да ја заштити државата од влез на Палестинци и други жители од околните арапски земји, кои ги опиша како “диви ѕверови”, објави весникот Time of Israel.

Израелскиот премиер го објави планот за време на неговата посета на границата на Јордан на југот од Израел, додавајќи дека проектот ќе чини милиони шекели, но ќе помогне да се реши проблемот со инфилтрација на припадници на Хамас од територијата на Газа.

“Овој проект е дел од повеќегодишниот план за да се обиколи Израел со заштитна ограда со цел да се заштитиме во сегашниот и проектиран Среден Исток. Во нашето соседство, ние мораме да се заштитиме од “дивите зверови и предаторите”, изјави Нетанјаху.