Израел со огради ќе се брани од илегалните емигранти и терористи

0
195

Денес почнуваме со изградба на оградата од источната граница. Колку што е можно побрзо ќе се изгради ограда за безбедност и зони со гранични пречки крај сите наши граници, што ќе ни овозможи да ги контролираме. Нема да дозволиме Израел да биде преплавен од илегални емигранти и терористи, изјави Нетанјаху.
Според премиерот во првата фаза оградата ќе биде изградена на делот помеѓу Тимна и Еилат – туристичкиот град во јужниот дел на Израел на брегот на заливот Акаба. Тој информирал дека потоа таа ќе стигне дури до Голандската Висорамнина, каде што ќе се соедини со веќе изградените таму сигурносни прекугранични објекти.