Израелците поразени во Скопје во првиот од двата меча од Европската лига

0
486

Maкедонската одбојкарска селекција ја потврди фаворитската улога против Израел во првиот меч на домашен терен во рамките на фрупната фаза во Европската лига. Нашите репрезентативци обезбедија сигурна и убедлива победа во три сета со 25:13, 25:18 и 25:19. По двата пораза на стартот на теренот на Естонија, сега се запишани првите бодови на нашето салдо. Во нашата група денеска Естонија ја совлада Полска со 3 спрема 1 и се зацврсти на челната позиција на табелата со четири победи и 12 бода. Полска по 6 средби има 10 бодови а Австрија по 4 мечеви собра 8 бодови. Македонија со 3 средби има 3 бода. Македонија и Израел и денес на истата локација од 17:45 часот ќе го одиграат и вториот меч.