Израелците се вториот тест за нашата репрезентција

0
352

А-фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра вториот меч од новиот циклус квалификации за СП. Во Скопје го пречекуваме Израел кој досега на два меча со нашата селекција има две победи.

Израел во моментов е на 98. место на ФИФА ранг листата, што и за нив, е најслаб пласман, но и натаму имаат многу подобар рејтинг од нашиот. Избраниците на Ангеловски вечерва ќе мора да најдат начин како да ги прекинат очајните настапи и конечно да го вратат победничкиот дух на овој национален тим.

За вечерашниот меч нашиот селектор нема да смета на услугите на стандардниот дефанзивец Ванче Шиков, кој има повреда на скочниот зглоб. Поради повреди во составот не се и Агим Ибраими и Александар Трајковски. Натпреварот на Националната Арена вечерва почнува од 20:45 часот.

Без коментари

LEAVE A REPLY