Изрешетен автобус во Рио во кој се возеле новинари

0
544

Три лица беа полесно повредени синоќа при напад врз автобус со новинари, кои известуваат од Олимписките игри во Рио, изјави портпаролот на организацискиот комитет Марио Андрада.

Повредените се новинари од Турција, Аргентина и Белорусија.

Неколку прозорци на автобусот биле искршени, откако се погодени од куршуми или камења во реонот на фавелата Сидади ди Деуш.

Автобусот се движел од спортскиот комплекс „Деодоро“ кон главниот прес центар. По нападот возилото го продолжило патот со воена придружба.