Изведба на Виндикта во Интимниот театар Битола

0
378

Интимниот театар од почетокот на своето постоење, освен на професионалните aктери, можност да се докажат на сцена им дава и на младите вљубеници во театарската уметност.

Така беше и овојпат за претставата Виндикта, односно Одмазда, која младите актери ја изведоа во Интимниот театар.

Истата е по текст и режија на Валентин Дамчевски .

Улогите во претставата ги играа Симона Ѓоргиевска, Димитра Цилевска, Лина Николовска, Валентин Дамчевски, Кирјан Димовски, Никола Пројчевски.

Кореографијата на претставата е на Милена Крстевска.