Извештаите за разузнавање ги пречекаа пратениците

0
253

На првиот ден на работа во Собранието по годишните одмори пратениците ќе расправаат по извештаите за разузнавање. Седницата на Комисијата за надзор над разузнавачките агенции е закажана со недели однапред.

Пратениците денеска ќе го разгледуваат извештајот за работа на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2016 година, како и извештајот за работа за минатата година на Агенцијата за разузнавање.

Се очекува присуство на првите луѓе на Управата и на Агенцијата иако тоа не беше пракса додека со УБК раководеше поранешниот директор, Сашо Мијалков, кој никогаш не се појави на комисиските расправа. Нов директор на УБК е Горан Николовски.

Без коментари