Извештај на СЈО за сработеното

0
466

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска ќе поднесе извештај до Собранието на Македонија и Советот на јавни обвинители, во кој ќе образложи што сработило Специјалното јавно обвинителство во изминатите 6 месеци. Извештајот ќе биде предаден до пратениците во Собранието, а потоа ќе се разгледува на Комисија за политички систем и пленарна седница, на кои Јанева треба да го образложи напишаното, велат од кабинетот на Вељаноски. Се уште е неизвесно дали денеска ќе бидат закажани седниците. Од Специјалното обвинителство велат дека денеска извештајот ќе го добијат и медиумите.