Извештајот на Јанева денеска во Собрание

0
237

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе го разгледува извештајот за работата во првите шест месеци на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во петокот, Советот за јавни обвинители ја одложи расправата за извештајот оти специјалната обвинителка Катица Јанева не дојде на седницата,а како што рече претседателот на Советот Петар Аневски, во извештајот постоеле нејаснотии.

По ваквата одлука на Советот, од Специјалното јавно обвинителство побараа за се што советот има дилема да и пишат  на Јанева која пак ќе им образложи и разјасни.

Собраниската седницата денеска е закажана во 11 часот, а присуството на Јанева не е потврдено.

Од СЈО велат дека немаат законска обврска да го образложуваат  јавно тој извештај, бидејќи според законот за специјално обвинителство, Јанева е обврзана да поднесува извештај за својата работа на секои шест месеци до Собранието и Советот на јавни обвинители, но не и да дава отчет.