Извлечени групите за следната КОПА Америка

0
388

САД од 3 до 26 јуни, ќе биде домаќин на Копа Америка, со кое ова натпреварување ќе ја прослави 100-годишнината. Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, во Њујорк беа извлечени групите за Копа Америка.

Прв пат на Копа Америка ќе учествуваат 16 репрезентации, тие се поделени во четири групи, а пласман во наредната рунда ќе изборат по две најдобри селекции од секоја група.

Група А: САД, Парагвај, Костарика, Колумбија

Група Б: Бразил, Перу, Хаити, Еквадор

Група Ц. Мексико, Венецуела, Јамајка, Уругвај

Група Д: Аргентина, Боливија, Панама, Чиле

Титулата на првенството во САД ќе ја брани репрезентацијата на Чиле, која лани во финалето, по подоброто изведување на пенали славеше над Аргентина.