Извршен напад врз болница во Сирија

0
272

Неколку лица загинаа при ракетен напад што беше извршен врз болница во сириската провинција Идлиб, што е под контрола на бунтовниците, соопштија сириски опозициски активисти.

Сириската опсерваторија за човекови права наведе дека при воздуните удари се нанесени големи штети врз објектот.

Опсерваторијата соопшти дека ракетите, што веројатно се истрелани од копно, го погодиле центарот што бил изграден за заштита. Потоа биле нанесени и воздушни удари.