Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде легитимитет на Груевски да прави Влада

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде легитимитет на Груевски да прави Влада

0 402

„ Централна тема беше претстојниот процес на формирање Влада при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број на гласовите од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата РЕАЛНО и проектите предвидени во неа.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде полн легитимитет на Претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата Влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси.

Во анализата на изборните резултати, беше заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија чие раководство функционира според мафијашки принципи.

Беше посочено дека е потребна политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните“ стои во соопштението на партијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.