Ја чуствуваат ли Грците својата криза?

0
222

Во екот на грчката финансиска криза кога државата е пред банкрот, лепењето налепници врз македонските автомобили не застанува. Сепак, ако порано тоа се правеше на скапа самолеплива пластифицирна хартија, денеска ситуацијата е сменета. На социјалните мрежи се врти оваа фотографија. Според битолските стоматолози кои можеби имаа најмногу бенефит од соседите кои заради поевтини здравствени услуги поправаа заби, ставаа мостови и слично сега ги нема, месец мај регистриран кај нив како најтивок.Велат нема точна бројка колку дневно пациенти имале од Грција но прават симболичка паралела, груба математика ако минатите години имавме околу 5 пациенти дневно сега толку или помалку имаме месечно.

OLI_GRCI_004.jpg

Во моментов најмногу корисници на нивните услуги се странските туристи од Европа и дијаспората кои летниве месеци ги поминуваат во Македонија.Имајќи во предвид дека Грција кон крајот на јуни би можела да банкротира поради долгот кон ММФ, а дека Банката на Грција соопшти дека, доколку не се постигне договор, оваа земја најверојатно ќе го напушти еврото и Европската унија, па се поставува прашање како точно ќе се одрази врз туристите и што треба да знаете ако планирате таму да го поминете одморот годинава. Покрај тоа што во изминатите денови, граѓаните беа предупредувани дека ако одат во Грција задолжително да понесат готовина, српскиот портал travelmgazine.rs, наведува неколку клучни работи што би требало да ги имате во предвид пред да тргнете на одмор.

MAJA_GRCIJA_004_copy_copy.jpg

Крајниот рок за Грција, за исплата на ратата од кредитот е 30-ти јуни. Што ќе се случи во поглед на еврото, ако баш тогаш се најдете таму?Почетокот на јули е навистина добро време за уживање на јонските острови, затоа што времето е добро, Медитеранот се затоплува, а сеуште ги нема августовските гужви. Иако, следните денови ќе бидат исклучително стресни за Грците, поголемиот број туристи тоа нема да го почувствуваат. Советот е да понесете доволно евра во готовина за да можете да ги платите вашите трошоци. Моментално нема никакви проблеми со користење на картичките на грчките банкомати. Но, во овој момент е ризично целосно да се потпрете на картичките, затоа што постои теоретска можност банкоматите да останат без готовина или да бидат исклучени. Дури и ако Грција официјално го напушти еврото, трговците и понатаму ќе го прифаќаат.