Ја убедив Меркел дека треба да ѝ се помогне на Македонија

0
444

Многу сакам нашиот сосед, Република Македонија, како држава да е стабилна, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

„За Македонија стана збор за време на разговорите со Меркел. Видовте дека кога се случи насилството во Парламентот, без никој да ги тера, во текот на ноќта ми се јавија и тројцата, и Зоран Заев и Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов. Затоа што се уверени дека, не само што сум добар човек, туку и дека многу сакам Македонија како држава да е стабилна, нашиот сосед да е стабилен“, изјавил Борисов за „Дојче веле“.

Тој, како што пренесува БГНЕС, додал дека со оглед на околностите, од една страна Крим, од друга страна Турција е во воено расположение, Грција се тресе секој ден, а во Македонија видовме што се случи, ја убедил Меркел и останатите дека треба да им се помогне.

„Важни се за нас, треба да ѝ дадеме шанса на новата влада и, се разбира, да продолжиме да разговараме и со Груевски кој е дел од семејството на Европската народна партија. И Македонија треба да помине малку по нашиот пат. Знаете колку бевме сите остри, но тоа никогаш не даде резултат. Обединувањето на ја прави силата. Консензусот ја дава силата на нацијата“, изјавил Борисов.