Ја загрозувал животната средина и заработил над 5 милиони денари

0
847

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.Р. (39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Во 2013, 2014 и 2015 година, пријавениот без да регистрира фирма и без да има дозвола од надлежен орган за вршење на тргување со отпад, неовластено тргувал со отпаден материјал, а потоа го продавал во легалните отпади во Прилеп, додека паричните средства за откупот му биле префрлани на трансакциони сметки на неговата сопруга во вкупен износ од 5.151.321 денари.