Јагнешкото пред Велигден 320 денари

0
1157

На само една недела пред најголемиот христијански празник Велигден јагнешкото месо во битолските месарници се продава по цена од 320 денари за килограм јагнешко. Ако се навратиме на минатата година кога јагнешкото месо беше 340 денари, оваа година е 20 денари поевтино .Од месарниците не се задоволни од побарувачката

-Цената на јагнешкото месо изнесува 320 денари. Не сме задоволни од побарувачката бидејќи луѓето немаат пари, купуваат колку да се одбележи празникот. Кај нас во оваа месарница не очекуваме зголемување на цената, ама можеби ќе има покачување на други места на два дена до Велегден како минатата година, по може да достигне цена од 400 денари за килограм јагнешко, изјави Никола Паликуќовски, од месарницата Рудо јагне во Битола

Во зависност од тоа со колкав буџет располага семејството толку купува јагнешко месо, а последниве години не се памети некој да купи цело јагне како што имаше случаи пред повеќе години. А онај што нема да купи јагнешко, си купува свинско месо бидејќи тоа му е поефтино, велат од месарница Рудо јагне

– Ретко кој купува цело јагне, порано граѓаните така купуваа, но немаштијата си го прави своето, додава Паликуќовски

Велигден е празник кој се карактеризира со големи, богати трпези, со јагнешко и со многу вапцани јајца. Таква ни е традицијата, такви ни се желбите, велат муштериите

– Секоја година обавезно мора да имаме на трпезата јагнешко, колку ни дозволува буџетот толку си купуваме, вели граѓанин

-Секогаш купувам јагнешко, јас купувам пола јгне, вели граѓанин

Инаку оваа година поради ниските цени за откуп на јагнешко месо, пласманот е послаб од минатата година.Откупната цена годинава изнесува 130 денари за килограм жива мера или за скоро 30 денари помалку од претходната година. Пласманот на јагнешкото во странство е 85% од производството .