Јаја Туре бира меѓу Јувентус и Интер

0
371

Интер и Јувентус ќе водат битка во текот на летото за потписот на еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити Јаја Туре, тврди „Тутоспорт”. Африканец е сигурен за напуштање на „Етихад”, бидејќи Пеп Гвардиола има намера да го подмлади малку средниот дел од теренот за идниот тим.

Во мај месец репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе наполни 33 години, но и покрај тоа што е во фудбалска возраст тој докажа оваа сезона дека сеуште може да игра на највисоко ниво. Договорот со Сити истекува во летото 2017 година, но тимот е подготвен да се раздели со него доколку добие добра понуда.

Јувентус предходно го купи Патрис Евра, кој исто така е во напредната возраст, и направија прилично добар удар со неговото привлекување. Сега се надеваат да го стори истото и со Туре. Роберто Манчини сепак сака исто така по секоја цена да го добие фудбалерот во своите редови, па затоа Интер ќе се вклучи во трката за овој играч.