Јајца за зградата на Студентскиот парламент

0
332

Студентите од Студентскиот пленум синоќа го продолжија протестот на факултетите на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и ги повикаа колегите в понеделник во 8 часот наутро повторно да дојдат пред ректоратот за време на вонредниот состанок на управата.

13565478_1141469042561373_1032192046_n

Протестираа пред Студентскиот парламент, а демонстрациите завршија во дворот на скопскиот универзитет. Полицијата, која ги следеше студентите на нивниот марш низ Скопје, не влезе на универзитетот.

54

Студентите велат дека УКИМ е на студентите и дека ќе го вратат во своите раце. Тие од ректорската управа и од ректорот бараат да се поништат изборите за претседател на Студентскиот парламент.

Студенсткиот пленум најавува порадикални чекори во наредната академска година.