Јајцата по исти цени за Велигден

0
594

Годинава најголемиот христијански празник ќе го прославиме по стари цени. На битолскиот пазар на ден пред најголемиот Христијански празник Велигден табла со јајца можете да купите по цена од 140 до 220 денари, во зависност од големината и класата.Продавачите се задоволни од продажбата.

Некои од граѓаните кои што ги анкетиравме веќе почнале да се подготвуваат со спремање за најголемиот христијански празник Велигден преку вапцување на јајцата уште од утре наутро. За адетот со вапцување јајца за христијанскиот празник Велигден еднакво се продаваат сите големини јајца. Трговците велат дека некои домаќинки ги купуваат малите јајца, бидејќи мислат дека помалку пукаат при варењето, а некои ги бараат оние со стандардната големина од 65 до 75 грама.

Од здружението на живинари во Стопанската комора на Мкедонија велат дека во Македонија производството на јајца е намалено поради неисплатливост, а во регионот и Европа поради птичјиот грип, кој ја сотре живината.