Јајцата поевтини од лани

0
778

На битолскиот пазар на две недели до Велигден табла со јајца можете да купите по цена од 110 до 200 денари, во зависност од големината и класата . Јајцата пак од селските кокошарници се продаваа по цена од 5 до 6 денари за парче. Продавачите не се задоволни од продажбата иако како што велат оваа година цената на јајцата била пониска од лани . Се надеваат на зголемување на побарувачката на една недела пред Велигден а не очекуваат зголемување на цената

-Цената на јајцата оваа година е најевтина но не сме задоволни од побарувачката , луѓето немаат пари. Ланската година на две недели пред Велигден луѓето повеќе купуваа иако беа поскапи јајцата, вели трговец

-Јас продавам јајца од Буково, пресни се и селски. Продавам 5 денари едно јајце. Не сум задоволен од продажбата, иако се поефтини јајцата од лани, вели трговец

Некои од граѓаните кои што ги анкетиравме веќе почнале да се подготвуваат со спремање за најголемиот христијански празник Велигден

Јас секогаш си ги купувам јајцата две недели пред Велигден бидејќи сметам дека тогаш се најпресни, вели битолчанка

-Секогаш купувам порано и секогаш од истото место, задоволна сум од цената и сметам дека оваа година се најевтини јајцата, вели битолчанка

 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат до граѓаните да купуваат јајца и боја за јајца од регистрирани производители и увозници, соодветно означени.Инспекциските служби на Агенцијата вршат контроли и кај домашните производители на бои за јајца, за исполнување на општите и посебните услови за безбедност на боите за јајца, односно  дали истите претставуваат опасност по здравјето на луѓето и не влијаат на нутритивниот квалитет на храната.Ако граѓаните се соочат проблеми, со бои и јајца кои имаат сомнителен квалитет, можат да пријават во Агенцијата.

Без коментари

LEAVE A REPLY