Јанакиевски и Јанкуловска не се во бегство, ниту барале прием во амбасада

0
635

ВМРО-ДПМНЕ во петокот ги демантираше шпекулациите изнесени на некои медиуми, според кои поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески наводно ја напуштиле државата.

„Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ за кои што пласирате дезинформации дека наводно се во бегство или наводно побарале прием во странски амбасади, ниту се во бегство, ниту побарале прием во било која амбасада“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од апртијата оценуваат дека ваквото неточно информирање е доказ за пропагандата и манипулациите кои се единствено во интерес на партиската агенда на СДСМ.

Специјалното јавно обвинителство  во својата прва акција отвори ситражни постапки против осум лица, меѓу има и поранешни функционери.

Дел од медиумите, пак, пренесоа дека Јанакиевски и Јанкуловска попладнето биле да дадат исказ пред надлежните органи.

ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и фабрикувани афери. Напротив таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори, се наведува во пишаното соопштение од партијата.

– ВМРО ДПМНЕ гласаше и го поддржа изборот на Специјалното јавно обвинителство. За жал, изминатиов период бевме сведоци на непримерни изјави од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинет во повеќе кривично-правни случаи, во кои тој ги најавуваше чекорите на Специјалното јавно обвинителство. Уште потрагично е тоа што ваквите изјави не само што не беа демантирани, туку со многу чекори беа потврдени. Со тоа беше драстично нарушен кредибилитетот на институцијата и се фрли сенка на нејзината професионалност и непристрасност. Јавноста беше сведок дека сопругата на Зоран Верушевски, јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев, затоа што Катица Јанева побарала да не биде продолжен притворот на првоосомничениот во случајот „Пуч“. Јавноста беше сведок на десетици пријави од страна на лица кои се жалеа на непрофесионалниот и незаконскиот однос на СЈО. Сите овие дамки останаа без одговор на денешната прес конференција, се вели во соопштението.

Се нагласува дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи незаконско и неуставно работење и оти секој орган и секоја институција мора да делува во рамки на своите надлежности бидејќи никој не е над Уставот и законите.

– Нападите врз Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен за контрола на работењето на СЈО, секако не оди во прилог на градењето на кредибилитетот на СЈО, туку уште повеќе го подрива. Денес бевме сведоци на политички настап во кој беа прозвани голем број лица. Функционерите на партијата кои индиректно беа осудени на прес конференцијата на СЈО немаат сторено никакво кривично дело и тоа ќе го докажат во натамошната постапка, сто во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.