Јанева е во УБК во предистражна постапка за прислушуваните разговори

0
255

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, во моментов е во просториите на Управата за безбедност и контраразузнање каде што врши увид во врска со предистражна постапка врзана со прислушувањето, јавуваат медиуите.

Јанева со тим истражители добила согласност од Управата при МВР во предмет чија цел е да утврди кој и како го нарачал и вршел прислушувањето.

Со повеќе детали денеска јавноста ќе биде информирана од Јанева лично по завршувањето на увидот во Управата за безбедност и контраразузнавање, институцијата од којашто протекоа десетици илјади прислушувани разговори на граѓани, меѓу кои новинари, активисти, професори, политичари, избрани и именувани фунцкионери и членови на опозицијата.