Јанева ги повика избраните обвинители да не даваат свечена изјава

0
352

Специјалната обвинителка Катица Јанева ги повика седуммината избрани обвинители да не даваат свечена изјава пред Советот на јавни обвинители, на седницата закажана за в понеделник. Револтот кај неа доаѓа по одлуката на Советот да го преполови нејзиниот тим.

Ако дадат изјава, како што наведува Јанева во соопштението, би се потврдила одлуката која што според неа е спротивна на Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
„Во консултација со дел од тимот на јавни обвинители кои се избрани и имајќи го предвид нивниот став во врска со одлуката на Советот, им препорачувам да не ја прифатат поканата на Советот на јавните обвинители и да не дадат свечена изјава по повод нивниот избор, од причина што таквиот акт би бил само потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се вели соопштението од Јанева.

Без коментари

LEAVE A REPLY