Јанева ќе објаснува зошто разрешила две обвинителки

0
399

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во 11 часот во просториите на Советот на јавни обвинители ќе образложи зошто од својот тим неодамна ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска.

Советот на јавни обвинители формираше тричлена комисија токму за таа цел, како надлежен орган при вакви случаи и за контрола на работата на СЈО.

„Јанева пред комисијата ќе ја образложи својата постапка, која целосно е во согласност со законот. Не е спорно дека Советот има законско право да поставува прашања за нашата работа“, велат од Специјалното јавно обвинителство.

Советот на обвинители се сомнева дека при разрешувањето на двете обвинителки била прекршена процедурата.