Јанева нема да присуствува на расправата по нејзиниот Извештај

0
279

Советот на јавни обвинители денеска ќе го разгледува шестмесечниот Извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

На седницата е поканета и обвинителката Катица Јанева, но од Специјалното јавно обвинителство велат дека таа нема да присуствува, бидејќи, ниту има законска обврска за такво нешто, ниту пак, било кој шеф на обвинителството на Репбулика Македонија досега бил повикуван да реферира при поднесување вакви извештаи.

Оваа констатација уште при доставувањето на Извештајот до Собранието и Советот за јавни обвинители (на 15 март) ја сподели обвинителката Ленча Ристовска. Таа тогаш рече: „Извештајот го поднесува специјалната обвинителка, Катица Јанева, но таа нема законска обврска јавно да го образложува“.